дморалиштето Пониква на Осоговските Планини ќе се трансформира во рехабилитациски центар за граѓаните кои беа повредени во трагедијата што го потресе Кочани. Владата на седницата одржана во понеделникот донесе одлука ова капацитет со 27 соби и 56 легла да биде ставен на располагање на Министерството за здравство, во период од 10 јуни до 20 август.
Како што соопштија од Владата, лекарски тим составен од здравствени и психолошки експерти ќе се грижи за повредените, обезбедувајќи им и целосна здравствена нега, но и психолошка поддршка.
„Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита. Граѓаните ќе имаат комплетна поддршка, без да платат ниту денар. Трошоците за сместување, храна и медицинска грижа ги преземаат Министерството за внатрешни работи и Владата“, велат од владината прес-служба.
Од Владата најавија дека, доколку стручните лица оценат дека е потребно продолжување на престојот, ќе биде донесена нова одлука за продолжување на мерките.
„Нашата политика е да работиме одговорно и посветено. Фокусот ни се граѓаните и нивните потреби. Не дозволуваме трагедијата да биде злоупотребена за политички поени“, стои во официјалното соопштение.
Tagged as:
Пониква станува центар за здравствена и за психолошка рехабилитација
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
