Полувековниот јубилеј, шаховскиот клуб ШК Алкалоид го одбележа со шаховски фестивал на кој настапија играчи од десет европски земји. Во рамките на настанот се одиграа два турнира – во забрзан и во брзопотезен шах.
Отворањето беше проследено со кратка церемонија, на која беше истакнато дека клубот има 27 титули од 33 одиграни првенства во независна Македонија, како и една титула европски клупски шампион и три европски вицешампионски пласмани. Почесниот прв потег го повлече легендарниот македонски ракометар Кире Лазаров.
Речиси 200 шахисти настапија на турнирот во забрзан шах, кој се играше со темпо од 10 минути плус пет секунди за потег. Победник стана велемајсторот Кирил Георгиев со 9 бода од 11 партии, без ниту еден пораз – со седум победи и четири ремија. Во решавачкото последно коло тој го совлада изненадувањето на турнирот Матео Ефтовски, кој остана на осум бода.
Второто и третото место ги освоија Христос Кралис од Грција и Ндерим Сарачи од Косово. Најдобар македонски претставник беше Дејан Стојановски со 8,5 бода, пред Антон Златков, Лампрос Џаноулакис и Сашо Николов. Делба од осмото до 16. место со по осум бода имаа повеќе шахисти, меѓу кои Драган Јаќимовиќ и Филип Панчевски.
Во младинските категории награди освоија повеќе таленти. Моника Жежовска беше најдобра до 18 години кај девојките, Кирил Николовски втор до 18 години, Благоја Миновски најдобар до 16 години, а Илијана Велева најдобра до 14 години.
На турнирот во брзопотезен шах учествуваа 153 играчи со темпо од три минути плус две секунди за потег. По 13 кола, првото место му припадна на Никола Николовски со 11 бода, пред Ндерим Сарачи и Мухамет Аслани, како и Антон Златков. Филип Панчевски и Роландо Кутиров со 9,5 бода беа на делба на петтото место, додека во групата со осум бода беа Звонко Станојоски, Дејан Стојановски и Драгољуб Јаќимовиќ.
ШК Алкалоид најави дека активностите продолжуваат во текот на целата 2026 година. Следуваат настап на Светското екипно првенство за ветерани над 50 години во Драч, како и учество на Тони Лазов и Емил Ристески на Европското поединечно првенство во Катовице.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
