Background

„Поло“ паднало 40 метри надолу во населено место

Возрасен човек е тешко повреден, додека 11-годишно дете се бори за живот во Клиничкиот центар во Скопје по тешка несреќа која се случила на експресниот пат Прилеп-Градско. Јавното обвинителство излезе со првични детали за случајот.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место“, соопшти Обвинителството.

Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.

- Advertisement -
Ad image

Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation