Полициски службеници од СВР Тетово денеска спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициски службеници од СВР Тетово денеска спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот, соопшти МВР.

Драмата се случувала во еден  мотел во Тетово. Мажот Л.К. пријавил во полиција дека девојката, по недоразбирање со него, не сака да го напушти мотелот. Полицајците кога стигнале таму, ја затекле девојката како стои на прозорец, со закана дека ќе се фрли.

Откако влегле во собата, која морале да ја разбијат, ја спречиле во намерата да се убие, а мажот Л.К. го уапсиле за посредување при проституција.

Девојката е во болница.

„Денеска, во 14.35 часот по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба на јавен обвинител полициските службеници насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера. Таа е пренесеа во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Во меѓувреме полицијата го лиши од слобода Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Во акцијата еден полициски службеник е полесно повреден“, соопшти полицијата.

По завршување на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се додава во соопштението.

Share This Article