Полицијата во состојба на готовност за карневалите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германската полиција соопшти дека е во состојба на зголемена приправност во пресрет на традиционалните карневали оваа и следната недела, откако социјални мрежи поврзани со терористите на Исламската држава (ИД) повикаа на напади врз учесниците на прославите во Келн и Нирнберг.

Според германскиот весник Билд, пропагандна страница на германски јазик поврзана со Исламска држава (ИД) објавила компјутерски генериран колаж со порака „Избери ја својата следна мета“, при што се наведени датумите и локациите на карневалските настани. Во колажот, кој содржи и крвав нож со хаштаг што повикува на „колење“, како потенцијална мета се споменува и фестивалот на љубовта во холандскиот Ротердам на почетокот на март.

Полицијата во Келн соопшти дека ги прилагодува оперативните планови во согласност со заканите, но нагласи дека ваквите објави може да имаат за цел само застрашување и вознемирување, без да претставуваат конкретна опасност.

Организаторите на карневалот во Нирнберг соопштија дека Меѓународната карневалска парада, која беше означена како потенцијална мета во објавата на ИД, е откажана од безбедносни причини.

Полицијата во Нирнберг потврди дека е запознаена со заканите од ИД и дека државните безбедносни служби ги проценуваат ризиците, додавајќи дека во моментов нема конкретни индиции за непосреден напад.

Во изминатите години, Германија беше погодена од неколку терористички напади извршени со возила или ножеви, во кои загинаа повеќе лица.

Share This Article