Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полицијата уапси 13 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе.
„Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол во Скопје. Во Прилеп едно лице управувало возило и под дејство на алкохол и со активна забрана за управување, а во Кавадарци едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол“, наведува МВР.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедност на патиштата – да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
