Полицијата приведе возач кој на патот Гостивар-Тетово управувал возило со брзина од 151 километар на час, на место каде максималната брзина е ограничена на 80 километри на час.
„На 28.4.2025 во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Р.(40) од селото Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило БМВ, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час“, соопшти полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица. По документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за делото Безобѕирно управување со моторно возило.
Ова дело според законот може да се казни со парична казна и со затвор до 3 години.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
