Background

Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот кој синоќа уби две лица, а повреди девет во Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд

Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот кој синоќа уби две лица, а повреди девет во Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд.

Градоначалникот на градот, Брет Смајли, информираше дека девет лица се повредени во нападот, од кои осум се во критична состојба, додека деветтиот е надвор од животна опасност.

Заменик-шефот на полицијата во Провиденс, Тимоти О’Хара, изјави дека осомничениот е маж, веројатно на возраст меѓу 30 и 40 години, облечен во црно, кој последен пат бил виден како ја напушта зградата каде што се случи пукањето.

- Advertisement -
Ad image

Ректорот на универзитетот, Кристина Паксон, соопшти дека е информирана оти сите загинати и повредени во критична состојба се студенти.

Градоначалникот Смајли прецизираше дека било приведено лице за кое постоеле сомневања дека е вмешано во инцидентот, но подоцна било утврдено дека тоа нема врска со пукањето.

Престижната образовна институција, дел од „Ајви лигата“ (Ivy League), претходно издаде предупредување за лице кое стрела од оружје на нејзината територија и ги повика студентите и персоналот да побараат засолниште. Напаѓачот прво отворил оган во една од училниците.

Пукањето се случи во зградата „Барус енд Холи“, седумкатен комплекс во кој се сместени Инженерскиот факултет и Катедрата за физика на универзитетот. Инцидентот се случил за време на вториот ден од испитната сесија, кога во објектот се одржувале испити.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека е информиран за пукањето.

„Бог да ги благослови повредените и семејствата на повредените“, напиша тој на својот профил на социјалните мрежи во објава пред да се дознае дека има загинати.

Подоцна, Трамп изјави во Белата куќа дека „сѐ што можеме да направиме сега е да се молиме за жртвите“.

Гувернерот на Род Ајленд, Дан Меки, рече: „Нeзамисливото се случи“.

ФБИ објави дека дава поддршка на полициските активности.

Универзитетот „Браун“ е приватна образовна институција со околу 7.300 додипломски и над 3.000 постдипломски студенти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation