Илјадници луѓе се судрија со полицијата и фрлаа камења, петарди и шишиња кон Централната изборна комисија во Букурешт откако беше отфрлена кандидатурата на популарниот десничарски кандидат Калин Гергеску. Во тешките немири полицијата употреби солзавец. Повредени се неколку жандарми.
Приврзаниците на Георгеску го превртеле автомобилот на романскиот портал Диги24.
Георгеску ја опиша одлуката како „директен удар“ за демократијата, според Би-Би-Си. По одлуката на ЦИК, тој има 24 часа да поднесе формална жалба до Уставниот суд, кој има уште 48 часа да донесе конечна одлука.
Георгеску доби широка поддршка и е популарен во јавноста. Познат е по ветувањето дека ќе го „врати достоинството на Романија“ и дека ќе стави крај на нејзината потчинетост на меѓународните организации, вклучително и НАТО и ЕУ.
Тој победи во првиот круг на ланските претседателски избори, но изборите беа поништени со образложение дека неговата кампања била незаконси финансирана и дека наводно процесот бил под влијание на хибридни напади на Русија.
Романија е во политичка криза и ги чека закажаните претседателски избори за 4 мај.
Георгеску веќе еднаш беше уапсен на пат кон изборната комисија додека полицијата го претресуваше неговиот дом во потрага по докази за незакоснко финансирање.
Романската Централна изборна комисија (ЦИК) претходно вчера одлучи да ја отфрли неговата кандидатура на претседателските избори бидејќи, како што е наведено, „не ги исполнува условите на законитоста бидејќи ја прекршил обврската за одбрана на демократијата“.