Џилијан Лорен, сопругата на басистот на американската рок група „Визер“, Скот Шринер, била застрелана од полицијата во Лос Анџелес откако се вмешала во потера.
Додека полицајците бркале три лица осомничени за убиство, Лорен излегла од својот дом држејќи пиштол.
Полицајците неколкупати ѝ рекле да го фрли оружјето, но таа одбила да го стори тоа. Поради тоа е прогласена за виновна за обид за убиство.
„Додека го бркавме осомничениот, од блиската куќа излезе жена со пиштол во раката“, навела полицијата, објаснувајќи дека повеќепати ѝ наредиле да го фрли пиштолот, што таа не го направила, по што еден полицаец ја ранил во рамото, пренесе „Гардијан“.
Откако била застрелана, била однесена во болница за лекување, но за среќа прострелната рана не била животозагрозувачка.
Лорен на американската јавност и е позната како писателка.