Топ Вести - Слушај сега
Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ ја претстави новата високобрзинска повеќенаменска муниција „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, најавувајќи почеток на сериско производство уште оваа година.
Новото оружје е развиено за помалку од една година, од идеја до оперативен производ, и веќе е успешно тестирано на борбениот дрон „Бајрактар Акинџи“. Според компанијата, „Ерен“ треба значително да ја зголеми ударната моќ на турските беспилотни системи.
Муницијата има дострел од над 100 километри и е наменета за дејствување против бавно движечки воздушни цели, но и против оклопни и неоклопни цели на земја. Може да се лансира од беспилотни летала, хеликоптери, копнени возила, лансирни системи од земја и од поморски платформи.
Извршниот директор на „Рокетсан“, Мурат Икинди, изјави дека целта била да се создаде исплатливо и ефикасно решение кое ќе функционира во повеќе режими, воздух-земја, земја-земја и земја-воздух.
– Муницијата „Ерен“ значително ќе ја зголеми ударната моќ на нашите беспилотни летала и ќе овозможи многу ефикасни операции од копнени платформи, вклучувајќи автономни системи и оклопни возила – истакна Икинди.
Според него, интеграцијата на алгоритми за вештачка интелигенција, напредни сензори и турбомлазен мотор отвора нов оперативен сегмент за турската одбранбена индустрија. Во тек е интеграција со беспилотни копнени возила и системи за блиска воздушна одбрана, а во иднина се очекува можност за интеграција и со авиони.
На саемот во Ријад, кој се одржува од 8 до 12 февруари, „Рокетсан“ изложува и мини паметните муниции MAM-C, MAM-L и MAM-T, балистичката ракета воздух-земја UAV-230, противтенковското оружје „Караок“, крстаречката ракета „Чакир“, муницијата SOM со долг дострел, како и системите за противвоздушна одбрана „Сунгур“, „Хисар-О“ и „Сипер“.
Меѓу претставените системи се и ракетите „Бора“, „ТРГ-230“, „ТРГ-300“, тактичкиот лансирен систем „КМЦ“ и мобилниот систем за воздушна одбрана „Бурч“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
