Поетот годинава одбележува 75 роденден и повеќе од 50 години творештво

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Излезе од печат вториот дел од книгата „Толкувања“ – поетскиот свет на Ристо Лазаров.

Книгата е продолжение на истоимената книга чијшто прв дел е објавен во 2009 година, во состав на Избраните дела на авторот. Оттогаш досега излегоа вкупно 18 стихозбирки на Лазаров, проследени од домашната и од странската критика, што е повод за изданиево во годината кога овој автор одбележува 75 роденден и повеќе од 50 години книжевно творештво.

Книгата содржи повеќе есеистичко-критички осврти на повеќемина автори: Георги Старделов, Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова, Елизабета Шелева, Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски, Слободан Зубановиќ, Ферид Мухиќ, Лидија Капушевска-Дракулевска, Никола Вуколиќ, Милован Стефановски, Томислав Османли, Наташа Аврамовска, Глигор Стојковски, Васе Манчев, Санде Стојчевски, Лидија Димковска, Горан Коруновиќ, Соња Стојменска и Владимир Чупевски.

Издавач на вториот дел од толкувањата на поетскиот свет на Ристо Лазаров е скопска „Везилка 2011“.

Share This Article