Во македонскиот правен систем постои непишано правило кое многу добро го разбираат оние кои ги управуваат шемите на организиран финансиски криминал: доволно е да го контролираш стечајниот судија и сè друго само ќе се нареди. Судијата е оној кој именува и разрешува управници, кој одобрува или блокира побарувања, кој закажува или одложува рочишта. Тој е клучот. И во стечајот на СН Осигурителен Брокер АД Битола, тој клуч се вика Иван Колевски.
Откако стечајната постапка Ст.бр.52/25 беше отворена во мај 2025 година, постапката тече , ако воопшто може да се каже дека „тече” , на начин кој систематски ги оштетува вистинските доверители, ги заобиколува законските рокови и создава услови под кои фиктивните побарувања на Фактор ИН Скопје и бројните лажни „доверители” да се легитимизираат без форензичка проверка.
ДЕЛ I · Правна анализа на закони кои Колевски ги прекршил , член по член
Законот за стечај е прецизен. Тој не остава простор за толкување кога станува збор за роковите и обврските на стечајниот судија. Стечајниот судија врши контрола над законитоста на работата на стечајниот управник, одлучува за приговорите на доверителите и ги следи работата на одборот и собранието на доверителите. Ова не е дискреционо право , ова е законска обврска.
А. Закон за стечај — Клучни прекршени одредби
Б. Кривичен законик — Можна кривична одговорност
ДЕЛ II · Процедурален скандал цела година без рочиште за Собрание на Доверители
Ова е, можеби, највидливата индиција дека со стечајната постапка нешто суштински не е во ред. Собранието на доверители е централниот орган на стечајната постапка , телото преку кое вистинските доверители ја контролираат постапката, гласаат за стечајниот управник, одлучуваат за планот на намирување.
Без Собрание на доверители , нема легитимен надзор. Без надзор , стечајниот судија и стечајниот управник работат во вакуум, надвор од поглед на оние чии пари треба да ги штитат. Токму тој вакуум е она во кое процветуваат фиктивните побарувања.
„Без Собрание на доверители , нема контрола. Без контрола , нема правда. А без правда , има само грабеж со правна маска.”
— Истражувачка редакција, врз основа на анализа на стечајните списи
Хронологија на процедуралните пропустиМАЈ 2025
ДЕЛ III · Клучното прашање:Поврзаноста на Колевски со одредени доверители
Прашањето за поврзаноста на стечајниот судија со одредени доверители е она кое го раздвојува „обичниот” судски пропуст од организираниот криминал. Клучното прашање мора да се постави: Кој командува со Иван Колевски? Случаите во кои стечајните управници донесуваат одлуки кои очигледно не се во интерес на доверителите, туку на одредени поврзани лица, укажуваат на можна надворешна контрола или притисок врз судскиот процес.
Ниту едно рочиште не е закажано за Собрание на доверители , иако тоа го бараат вистинските доверители. Стечајната управничка која ги оспори фиктивните побарувања е сменета. Судот ги прифати побарувањата на Фактор ИН без форензичка ревизија. Сè тоа во корист на ист субјект — Фактор ИН.
- Дали судијата Колевски имал или има деловни, лични или роднински врски со основачите на Фактор ИН — Даница Џутевска или Владе Пазарџиевски?
- Кој донесе одлука за полноќната смена на Блажевска и дали постои писмена наредба за тоа?
- Зошто судот прифати побарување од 469,8 милиони денари без да нареди форензичка проверка?
- Дали Колевски е членува или бил членувал во политичка партија и со кои политички структури е поврзан?
- Кои полициски структури командувале со текот на стечајот и дале насоки за именувањето на новиот управник?
- Зошто цела 1 година нема закажано Собрание на доверители и кој ја донел оваа одлука?
- Дали Колевски поднел имотен лист за 2024 и 2025 и дали Државниот завод за ревизија ја провери?
ДЕЛ IV · Аферата на доверителите – Фиктивни побарувања и зошто ЈО ГОКК мора итно да реагира
Паралелно со однесувањето на судијата, мора да се обработи и другата страна на аферата: Фактор ИН Скопје и бројните фиктивни доверители на листите на СН Осигурителен Брокер.
Стотици невини граѓани, претежно земјоделци од руралните средини, се наоѓаат на листи на фиктивни долгови создадени за извлекување на ликвидност. Молчењето на надлежните институции е клучна во оваа криминална шема. Земјоделци, нотари, адвокати, извршители , сите „должат” на осигурителен брокер суми кои не се засноваат на ниту еден реален правен однос.
Управата за финансиска полиција е надлежна за гонење на сторители на кривични дела „Лажен стечај” (член 254), „Перење пари” (член 273), „Измама” (член 247) и „Злосторничко здружување” (член 394) , сите дела кои постојат основано сомнение дека се сторени во оваа постапка.
ДЕЛ V · Јавен повик до Судскиот Совет на РСМ мора да реагира , ИТНО
Судскиот совет е органот надлежен за именување, разрешување и дисциплинска одговорност на судиите. Неговата функција не е церемонијална , таа е гарант на независноста и интегритетот на судската власт. Кога судија постапува на начин кој систематски ги оштетува правата на граѓаните и ги помага сомнителните доверители, Судскиот совет мора да дејствува.
- 1.Итна дисциплинска постапка против судијата Иван Колевски по основ на сомнение за злоупотреба на службена положба (член 353 КЗ)
- 2.Надзорна посета на стечајната постапка Ст.бр.52/25 , преглед на сите одлуки, решенија и документи од отворањето до денес
- 3.Јавно образложение за полноќната смена на стечајната управничка Блажевска , кој ја наредил и врз основа на кое решение
- 4.Проверка на имотната картичка на судијата Колевски за периодот 2023–2025
- 5.Итна наредба за свикување Собрание на доверители , законска обврска која е прекршена со скоро 10 месеци доцнење
- 6.Препорака до Министерство за правда за покренување постапка за разрешување доколку дисциплинската истрага потврди злоупотреба
- 01.Кривична пријава против Фактор ИН (Даница Џутевска, Владе Пазарџиевски) — член 247 (Измама), 254 (Лажен стечај), 273 (Перење пари), 394 (Организиран криминал) КЗ
- 02.Истрага на цесиите — откупени побарувања, нивниот правен основ, лицата кои ги продале и лицата кои ги купиле
- 03.Форензичка ревизија на сите 469,8 милиони денари побарувања на Фактор ИН , со задолжителна проверка на документацијата
- 04.Истрага на фиктивните доверители — стотиците земјоделци и граѓани чии имиња се на листи без правен основ
- 05.Трагата на парите — 29 милиони евра годишни премии; дали дел е насочен кон Евро Инс Бугарија или офшор структури
Заклучок-Правдата не може да чека уште една година
Случајот со стечајот на СН Осигурителен Брокер АД Битола е комплексна и документирана афера во која се вкрстуваат три типа на сила: финансиска (Фактор ИН и мрежата на фиктивни доверители), судска (судијата Колевски и неговите одлуки) и институционална (молчењето на ГОКК, Финансиската полиција и Судскиот совет).
Секоја од овие три сили, одделно, би можела да се одбрани со „небрежност”, „преоптовареност” или „процедурални доцнења”. Но сите три заедно , систематски, насочено, координирано , не се случајност. Тоа е систем.
Граѓаните на Македонија , вистинските доверители, осигурениците, инвеститорите во обврзниците на СН Брокер , имаат право на одговори. Судскиот совет на РСМ, ГОКК и Финансиската полиција немаат луксуз на уште едно „прекршочно молчење”. Документите се јавни. Имињата се познати. Законите се јасни.
Единственото прашање кое останува е: Дали постои волја за правда?
Истражувачки тим Охридскај
Сашо Денесовски



