Поднесено обвинение, Британецот се соочува со три години затвор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската рок ѕвезда Брајан Молко е обвинет за клевета откако италијанската премиерка Џорџа Мелони ја нарече „фашист“ и „нацист“.

Молко, водачот на групата „Плацебо“, ги дал овие остри коментари за Мелони во текот на концертот во Торино одржан во 2023 година, објави „Дејли мејл“.

Италијанското Министерство за правда во понеделникот го одобри барањето на обвинителството да се  покрене обвинение против шкотско-американскиот музичар Молко (52), бидејќи наводно за премиерката Џорџа Мелони рекол дека е „парче г…о, фашист, расист и нацист“.

Локалниот весник „Ла Стампа“ пишува дека Молко настапил на фестивалот „Соник Парк“, пред околу 5.000 луѓе. Обвинителот во Торино одговори на жалбата на полицијата на фестивалот и отвори истрага против пејачот за клевета и омаловажување.

Во Италија, клевета може да резултира со затворска казна до три години, иако портпаролот на министерот за правда Карло Норија рече дека е малку веројатно дека ќе биде изречена казна во овој случај. Наместо тоа, тој рече дека пејачот може да се соочи со казна до 5.000 евра (4.200 фунти) доколку се потврдат наводите.

Претходно имаше повици до италијанскиот парламент да ги реформира законите за клевета за да ги усогласи со меѓународните стандарди за слобода на изразување.

Ова се случува откако минатата година премиерката Мелони успешно го тужеше новинарот Роберто Савијано кој ја нарече премиерката „ѓубре“ поради нејзините ставови за миграциите, што предизвика реакција од Сер Салман Ружди кој рече дека премиерката треба да „порасне“.

Савијано беше прогласен за виновен за клевета во 2023 година, откако ја навреди Мелони за време на телевизиско интервју за бебе од Гвинеја кое почина додека го преминуваше Медитеранот. Италијанскиот новинар е казнет со 1.000 евра. Премиерката Мелони имаше неколку други судски случаи поврзани со клевета во последниве години.

Сè уште трае судскиот спор, во кој таа бара отштета од 100.000 евра, кои најави дека ќе ги донира во добротворни цели, поради објавување на лажна приватна порно снимка на која наводно е таа.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article