Поднесени 102 кривични пријави за 5 месеци, запленети злато, дрога и анаболици

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во само пет месеци, Царинската управа поднела вкупно 102 кривични пријави, што е повеќе отколку за целиот период од 2020 до 2023 година, кога биле поднесени вкупно 85. Според директорот Бобан Николовски, ова е историски максимум на месечно ниво од 2016 година наваму.

Овие резултати беа презентирани денеска по повод 14 Април – Денот на Царинската управа, на настан на кој присуствуваа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и други претставници од безбедносните и финансиски институции.

– Царинскиот систем е еден од клучните столбови на економијата, обезбедува наплата на буџетски приходи и штити од нелегален увоз. Не случајно ја нарекуваме чувар на финнсиските интереси на државата – истакна министерката Димитриеска Кочоска.

Директорот Николовски истакна дека тенденцијата на пораст на наплатата на приходи продолжи и годинава при што во првото тримесечје е остварена наплата од речиси 480 милиони евра или 13,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Притоа приходите од Царина се повисоки за 15,6 проценти, од акциза за 5,7 проценти, а од данок на моторни возила за 16,2 проценти.

– По основ на извршени проверки и контроли од Секторот за контрола и истраги наплатени се 20 милиони денари, а донесени се и решенија за дополнителна наплата на износ од 5,7 милиони денари. Овие средства значат повеќе инвестиции за капитални проекти, за училишта, градинки, болници, патишта, повисоки плати и пензии, за поконкурентна економија. Ваквите резултати се должат на зголемени контроли и зголемена тимска работа и делување на ниво на институција, а не на поединци – рече директорот Николовски.

Во истиот период, реализирани се 143 заплени – зголемување од 77% споредено со лани. Мобилните тимови постигнале извонреден резултат со повеќе од 100 заплени, бројка што е на ниво на целогодишни резултати од 2017 до 2023 година, кога просечно имало меѓу 52 и 110 заплени годишно.

Како доказ за посветеноста се и случаите во кои беа запленети 188,6 килограми марихуана, уникатен златен накит со тежина од 1,7 килограми и вредност пола милион евра, околу 600 килограми анаболични стероиди, 6,4 килограми сребро.

Дополнително, поднесени се 12 кривични пријави поврзани со шема за злоупотреба при увоз на користени возила, при што се гони 36 лица, од кои дел за повеќекратни кривични дела.

Преку засилени контроли и истраги, наплатени се 20 милиони денари, а донесени се решенија за дополнителна наплата од 5,7 милиони денари.

- Advertisement -
Ad image

– Овие пари се враќаат во буџетот и се вложуваат во училишта, градинки, болници, патишта, плати и пензии – истакна Николовски.

Во моментов, се реализираат проекти во вредност од 24,4 милиони евра, со поддршка од Светска банка, ЕУ, Република Кореја и националниот буџет, со цел модернизација и зголемување на ефикасноста на Царината.

Share This Article