Податоци за движењето на цените на пазарот на енергенси

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 83,02 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 87,77 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 40,86 евра за мегават час, а на MEMO 51,74 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,85 евра, додека цената според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 35,72 евра.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Податоците од МЕМО се со почетен датум од 10 мај 2023 година, а податоците за TTF Dutch Day-Ahead производот се презентирани почнувајќи од 1 јули 2023 година.

Share This Article