Почнува светиот месец Рамазан

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во пресрет на утрешниот ден, кој го означува почетокот на светиот месец Рамазан, дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, го честиташе почетокот на Светиот месец со желби за прифатени пости и молитви.

Од муфтиството, преку објава на страната на Фејсбук, ги информираат верниците за деновите и за времето на молитвите, предавањата, а и за донирањето средства и прехранбени артикли, кои ќе бидат наменети за семејствата во социјален ризик.

„Првиот ден на постот ќе започне на 1 март (сабота). На сите верници им посакуваме добро здравје, и прифатени пости од Севишниот Аллах. Нека ви е честит и мубарек месец Рамазан“, стои меѓу другото во објавата на муфтиството.

Со истите желби светиот месец го честитаа и градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР).

– Ви посакувам светиот месец Рамазан да помине во побожност, мир и во солидарност. Им честитам на сите кои постат, возвишениот Бог да им ги прифати делата што тој ги проповеда – посакува градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Почетокот на светиот месец Рамазан, со желби за добро здравје и радост го честиташе и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, посакувајќи „месец со духовно исполнување, солидарност, меѓусебно почитување и заедништво меѓу луѓето“.

– Го молиме нашиот Господар да донесе мир и благосостојба во целиот свет, особено за нашите браќа во Палестина. Да ги заштити обесправените, да ги нахрани гладните и жедните, да им даде трпение на несреќните и да даде милост во срцата на сите. Го молиме нашиот Господар овој месец да го поминеме во пост, молитва и доброчинство. Нека ни е честит светиот месец Рамазан – порача Куртовски.

Честитка упати и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, кој наведува дека „во предвечерието на месецот Рамазан, месецот на милосрдието и солидарноста, посакувам добар пост и благословен месец полн со светлина и мир“.

„Сојузот на Македонците со Исламска религија на сите припадници на Исламот им го честита почетокот на Светиот месец Рамазан, месецот на постот, добрината, милоста, љубовта и на простувањето“, стои во објавата на Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.

- Advertisement -
Ad image

По едномесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 30 март. Овој голем муслимански празник се слави три дена.

Share This Article