Почна судењето за грабежот во термоцентралите, 30 обвинети се изјаснија за невини

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите обвинети за случајот „Адитив“ на денешното судење изјавија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината. Во воведниот збор на судењето што се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, Обвинителството нагласи дека покрај вината за кривичните дела, ќе ја докажат и институционалната распаднатост во АД Електрани на Северна Македонија.

– Покрај тоа што ќе го докажеме сторувањето на кривичните дела, ќе ја докажеме и моралната и институционална распаднатост во АД ЕСМ во периодот кога обвинетите управувале со правното лице. Пред нас стои организирано и злосторничко здружување на кое државата им го доверила производството на електрична енергија. Наместо чесно да ја исполнат својата должност и да се оддолжат на државата што им поклонила верба да раководат, избрале да злоупотребат. Ова е удар врз граѓанинот, кој со секоја платена сметка верува дека системот за производство на електрична енергија функционира – рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.

Таа дополни дека ќе се докаже и дека набавениот адитив предизвикал штетни последици по здравјето на граѓаните.

– Ќе докажеме дека јавниот интерес бил свесно запоставен, а набавениот адитив предизвикал и штетни последици по здравјето на граѓаните. Набавката на адитив немала за цел да се обезбедат услови, туку да се стекне противправна имотна корист – дополни таа.

Случајот „Адитив“ се однесува злоупотребата на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј.

Обвинети се над 30 физички лица и 5 правни лица, меѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор. Обвинети во случајот се Васко Ковачевски, кој е во бегство, Васко Стефанов, Маја Јорданова, Адријан Муча, Данчо Стојановски, Небојша Стојановиќ, Пеце Матевски, Милица Стојановиќ, Пецо Стојановски, Мирко Стојановиќ, Ранко Стојановиќ, Драган Силјановски, Пеце Чалески, Зоран Наумовски, Снежана Макариоска, Мира Василевска, Владо Мицески, Стојан Мицкоски, Неџбудин Нуредини, Драган Чакароски, Дијана Савеска, Влатко Алексовски, Александра Стојановска, Игор Алексовски, Велимир Алексовски, Сузана Алексовска, Тошо Матески, Златко Трпески, Васко Јосифовски и Александар Пасков.

На обвинетиот Ковачевски, поранешен директор на АД ЕСМ, ќе му се суди во отсуство бидејќи е недостапен за органите на прогон. За обвинетиот Саша Крстевски судот донесе одлука постапката да се води одвоено, поради здравствени причини.

Обвинети се и 5 правни лица помеѓу кои Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино, Дади Трејд ДООЕЛ Велес, Контракси компани и стоматолошка ординација од Велес. Нивните претставници, исто така, изјавија дека правните лица немаат вина.

Следното рочиште е закажано за 26 јуни во 9:30 часот. Процесот го води судијката Даниела Димовска.

- Advertisement -
Ad image

Според Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, обвинетите лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти, за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист. Како што претходно соопшти ОЈОГОКК, првообвинетиот се гони за Несовесно работење во службата, додека шестемина се обвинети за кривичните дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на постапката за јавен повик. На четворица од нив на товар им се става и кривичното дело Перење пари.

Дванаесет лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а двајца од нив сториле и кривично дело Перење пари. Дополнително, на четири лица им се става на товар дека ги сториле кривичните дела Злосторничко здружување и Перење пари, додека четворица сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Останатите четири лица се обвинети за Перење пари.

Одговорните компании се товарат за кривичното дело перење пари, а две од нив и за продолжено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавна набавка.

- Advertisement -
Ad image

„Во периодот од април 2023 година до август минатата година, дел од обвинетите во својство на службени лица создале група чија цел била вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Во меѓувреме, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист од поголеми размери или да предизвикаат штета од поголеми размери, дел од останатите обвинети станале припадници на оваа група. Тие, договарајќи се со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, соопшти ОЈО ГОКК пред неколку месеци.

Отаму дополнија и дека обвинетите управители и сопственици на правни лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на двете термоелектрани.

„На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив РПТ 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400 денари, (6,5 милиони евра). Понатаму, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело, дел од обвинетите припадници на злосторничкото здружение и дел од останатите обвинети примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари“, соопшти ОЈО ГОКК.

Share This Article