ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО ЗА ДАРКО КАЕВСКИ, НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ И ЗА УШТЕ 10 ЛИЦА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски  демантира дека со коалиционите партнери не се разговарало дека во рамките на мандатот на оваа влада албанскиот јазик веќе нема да стои во Уставот како јазик кој го зборуваат 20%, туку македонски јазик и албански јазик како што изјави  министерот за здравство Арбен Таравари во гостување на ТВ21.

Немало такви разговори- рече Мицкоски.

Прашан да ја коментира изјавата на неговиот коалициски партнер од Вреди, министерот за здравство Арбен Таравари, Мицкоски кажа дека не се спротиставувал на изградбата на Коридорот 8, но дека бил против Преспанскиот договор.

-Мислам дека не е тоа така кажано, како што вие го цитирате. Не сум бил против Коридорот 8, да сум бил против Преспанскиот договор и да точно е откако на насилен пат се носеа пратеници да гласаат за уставните измени и откако сето тоа стана реалност, уште во опозиција пред 4-5 години реков не можеме да ја игнорираме реалноста. Никогаш не сум бил против Коридорот 8, тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред, повторно ќе кажам, во духот на растурање пердувите ќе се обидеме да ги фатиме и јас категорично ве демантирам дека така беше кажано. Кога станува збор за уставните измени, можеме да зборуваме за нив, но истовремено може да зборуваме за други работи кои ние ги бараме и кои што се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ зад кои застана повеќе од половина милион граѓани. Јас немам намера ниту милиметар да се поместам од тоа што сум го кажувал, го кажувам сега и ќе го кажувам во иднина. Барам решение, достоинствено решение. Имаме достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство, повелете да разговараме – рече Мицкоски.

Share This Article