Background

Почна историско судење против интернет гигантите Мета и Гугл

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Пред Граѓанскиот суд во Лос Анџелес вчера започна судењето против интернет гигантите Мета и Гугл, со тврдења дека нивните платформи намерно поттикнувале зависност кај децата и младите со цел зголемување на профитот.

- Advertisement -
Ad image

Со слични постапки годинава ќе се сооочат најголемите компании за социјални медиуми во светот, бидејќи се сметаат одговорни за штетата предизвикана кај децата при користење на нивните платформи.

Матичнатна компанија на Инстаграм, Мета, и Јутјуб на Гугл се соочија со обвинувањата дека нивните платформи намерно создаваат зависност и се штетни за децата. Платформите ТикТок и Снеп, кои првично беа именувани во тужбата, се согласија за вонсудска спогодба, но износите кои треба да ги платат не се објавени.

Случајот го покрена дваесетгодишна млада жена од Калифорнија, чија тужба е доволно силна за да послужи како тест за стотици слични случаи во државата. Тужителката тврди дека започнала да го користи Јутјуб уште на шестгодишна возраст, а Инстаграм од единаесеттата година, по што следеле Снепчет и Тик-Ток. Според неа, долгорочната изложеност на социјалните мрежи доведува до силна зависност, што завршува со депресија, анксиозност и нарушена перцепција за сопствениот изглед.

– Ова беше само првиот случај – стотици родители и училишни окрузи учествуваат во судења за зависност од социјалните медиуми што започнуваат денес, и за жал, секој ден нови семејства излегуваат со обвинувања и ги тужат големите технолошки компании за нивните намерно штетни производи – рече Саша Хаворт, извршен директор на непрофитната организација за надзор врз технологијата „Tech Oversight Project“.

Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение дека компаниите создале зависност кај корисниците. Судската одлука би можела да постави нови стандарди за одговорноста на социјалните мрежи кои досега во голема мера беа заштитени од вакви тужби.

На 18 февруари, како значајни сведоци ќе се појават пред судот извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, а во текот на неделата, и директорот на Инстаграм Адам Мосери. Заедно со нив, на судската парница се појавуваат и претставниците на Јутјуб, подружница на Гугл.

Се очекува судењето да трае околу осум недели, а исходот би можел да има длабоко влијание врз бизнисите на големите корпорации, сопственици на социјалните мрежи и на тоа како се третираат децата кои ги користат тие платформи. Според АП, поротниците треба независно да одлучат за одговорноста на Мета и Јутјуб.

Експертите забележаа сличности со судењата на големите тутунски компании кои доведоа до спогодба од 1998 година со која се бараше од компаниите за цигари да платат милијарди долари трошоци за здравствена заштита и да го ограничат маркетингот насочен кон малолетници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation