Background

Почина Вал Килмер, холивудскиот актер кој ја стекна славата благодарение на главните улоги како Џим Морисон и Бетмен

Вал Килмер, холивудскиот актер кој ја стекна славата благодарение на главните улоги како Џим Морисон и Бетмен, а чии камелеонски таленти и таинствена личност истовремено придонесоа за неговата препознатливост во споредните улоги, почина во вторникот во Лос Анџелес. Килмер имаше 65 години.

– Причината за смртта е пневмонија (воспаление на белите дробови) – изјави неговата ќерка Мерцедес Килмер.

На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2014 година, од кој подоцна се опорави, додала таа, пренеува „Њујорк тајмс“.

- Advertisement -
Ad image

Висок и згоден на начин кој често се поврзува со рок ѕвездите, Вал Килмер на почетокот на својата кариера  неколкупати беше избиран за улогите на музичар, кога се чинеше дека е предодреден за успех на големото платно.

Дебитираше во шпионскиот филм сместен во добата на Студената војна, „Top Secret!“ (1984), во кој толкуваше американски пејач кој ја освојува публиката во Берлин со својата харизма и заводливи движења, несвесно вплеткувајќи се во источногермански заговор чија цел е повторно обединување на земјата. Тој особено се истакна со својата стилизирана и импресивна интерпретација на Џим Морисон – симбол на психоделична сензуалност – во филмот на Оливер Стоун „The Doors“ (1991).

Килмер ќе остане запаметен и по улогата во култниот акционен хит „Top Gun“ (1986), каде го играше Том „Iceman“ Казански, ладниот ривал на Маверик кој го глумеше Том Круз.

Во филмот „True Romance“ (1993), насилна и адреналинска потрага по дрога, напишана од Квентин Тарантино, а во режија на Тони Скот, тој имаше незаборавна епизодна улога како Менторот – Елвис кој го советува антихеројот кој го игра Кристијан Слејтер, појавувајќи се како визија од главниот лик.

Вал Килмер исто така имаше забележителни улоги во филмови како „Thunderheart“ (1992), во кој глумеше неискусен агент на ФБИ кој истражува убиство во индијански резерват во Јужна Дакота и „The Saint“ (1997), трилер за лукав крадец со морален кодекс кој игра мачка и глушец со руската мафија.

На многумина им останува најпознат по неговата насловна улога (и костим) во „Бетмен засекогаш“ (1995 година), во која, меѓу Мајкл Китон и Џорџ Клуни, се најде како нов заштитник на Готам Сити, борејќи се против Две лица (Томи Ли Џонс) и Ридлер (Џим Кери).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation