Американскиот пејач и член на групата „Сем и Дејв“ Сем Мур почина на 10 јануари на 89-годишна возраст.
Мур почина во градот Корал Гејблс, Флорида, поради компликации по операцијата, изјави неговиот портпарол.
Сем Мур беше член на групата позната по хитовите како „Soul Man“ и „Hold On, I’m Comin’“.
Роден е на 12 октомври 1935 година во Мајами, а кариерата ја започнал пеејќи во црква, каде што бил забележан од познатиот Сем Кук. Кук сакал Мур да го замени во госпел групата, но Мур набрзо сфатил дека сака да се занимава со поп музика.
Тој настапуваше со Дејв Пратер во соул и R&B клубови, а нивната соработка започна во 1961 година.
Мур беше во брак со сопругата Џојс, со која ја доби ќерката Мишел и двајца внуци.