Background

Почина Саша Поповиќ, беше еден од највлијателните луѓе во српскиот шоу-бизнис

Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе во  српскиот шоу-бизнис, почина денеска по кратко и тешко боледување, објавија српските медиуми.

Роден е на 24 април 1954 година во Нови Сад.

Како млад имал голема љубов кон фудбалот, а извесен период тренираше во клубот Војводина.

- Advertisement -
Ad image

Неговиот татко бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, поради што сакал неговиот наследник да влезе во светот на музиката и да почне да свири хармоника.

И покрај љубовта кон спортот, Саша Поповиќ во 1964 година татко му го запишал во музичко училиште, а останатото е историја.

Како коосновач на дискографската куќа „Гранд продукција“, Саша Поповиќ остави неизбришлива трага не само како музичар и водител, туку и како визионер и творец на многу идеи кои придонеле за развојот на музичката сцена на Балканот.

Автор е на еден од најгледаните музички натпревари во регионот, „Ѕвездите на Гранд“, преку кој денес откри многу одлични и успешни пејачи.

Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата „Слатки грех“, но во светот на музиката влезе многу порано.

Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како водечка пејачка.

После тоа, во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, постигнувајќи голем успех.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation