Почина поранешниот амабасадор Александар Тавчиовски

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почина поранешниот амабасадор Александар Тавчиовски.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот почитуван колега и пријател, амбасадорот Александар – Сашо Тавчиовски“, соопшти Советот на Амбасадори.

„Амбасадорот Тавчиовски ќе го паметиме како еден од основоположниците на Советот на амбасадори — дипломатско здружение кое е препознаено по своите силни заложби за промоција на позитивни идеи и иницијативи на македонската дипломатска сцена и во надворешната политика на земјата. Сашо останува во сеќавањето и на генерации професионални дипломати како колега со висок личен интегритет и човек со силна верба во вредностите на меѓународната соработка. Ќе биде запаметен по неговиот придонес во годините на голем ентузијазам и надеж во Министерството за надворешни работи, кога Македонија се бореше за своето суверено место на меѓународната сцена, како и по неговата дипломатска мисија во ОБСЕ, каде што со достоинство и одговорност ја претставуваше нашата држава“, се наведува во соопштението од Советот на амбасадори.

Тавчиовски беше и советник во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски.

Share This Article