Background

Почина лекарот на кого му изгореа 9 деца во израелскиот напад

Палестинскиот лекар Хамди ал-Наџар (40), човекот што ги изгуби 9 од своите 10 деца во израелски воздушен напад, им подлегна на тешките повреди здобиени во истиот напад. Локалните здравствени власти го потврдија неговото заминување, само неколку дена по трагедијата што се случи во неговиот дом во Кан Јунис, јужна Газа.

Ал-Наџар штотуку се вратил дома на 23 мај откако ја однел сопругата Ала, педијатарка во Медицинскиот комплекс Насер, на работа.

Само неколку моменти подоцна, проектил го сотрел нивниот дом, оставајќи зад себе тишина и урнатини. Нивните 9 деца загинале на самото место. Единствениот преживеан е нивниот 11-годишен син Адам, кој и натаму се наоѓа во болница.

- Advertisement -
Ad image

Снимките што ги објави директорот на Министерството за здравство на Газа, а ги потврди и британскиот „Гардијан“, покажуваат како телата на децата се извлекуваат од урнатините, веднаш до бензинска пумпа, додека остатоците од куќата сè уште гореле. Телата биле до непрепознатливост изгорени и осакатени.

Нивната мајка, која сè уште била на работа, не можела да ги идентификува.

Лекарите соопштија дека Хамди ал-Наџар претрпел тешки повреди од шрапнели на главата, градите и екстремитетите, со оштетување на мозокот и повеќекратни фрактури. Беше поврзан на вентилатор, во критична состојба до неговата смрт.

Неговиот братучед Али ал-Наџар (50) апелираше до меѓународната заедница за помош. Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, изразил подготвеност Италија да го прифати малиот Адам на лекување и да организира негова евакуација за 11 јуни.

Италија претходно изрази волја да ги евакуира и родителите, но состојбата на Хамди ал-Наџар беше премногу тешка за транспорт. Неговата сопруга одлучи да остане со него. По неговата смрт, дипломатски извори во Рим потврдија дека Ала ал-Наџар сега ќе може да биде евакуирана во Италија заедно со својот син.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation