Почина Игор Југ, осуден за „случувањата во Собрание за 27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.
Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.
Информацијата ја потврди директорот на Управа за извршување санкции Александар Пандов.
Југ починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу потоа починал, објави Курир од сопствени извори.
Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, потенцираше дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.