Во неделата вечерта околу 21 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив за укажување медицинска помош бил донесен Р.К.(43) од с.Калиште, гостиварско, кој за време на интервенцијата починал.
Според пријавеното, тој бил каснат од пчели и починал поради алергиска реакција. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.