Background

Почина актерот од „Лицето со лузна“

Харис Јулин, актер познат по своите силни споредни улоги во повеќе од 100 филмови, серии и театарски претстави, почина на 89-годишна возраст. Според информациите објавени од „Дедлајн“, веста за неговата смрт ја потврдиле неговото семејство и менаџерот. Јулин починал на 10 јуни од срцев удар во Њујорк.

Роден во Лос Анџелес, Јулин остави свој белег низ децениите во култни филмови како што се „Лицето со лузна“ (Scarface), „Истерувач на ѓаволот 2“, „Ден за тренирање“, „Ураган“, „Добро“, „Финални анализи“, „Ноќни движења“ и многу други.

Покрај филмските улоги, тој беше и почитуван театарски актер. На Бродвеј, настапуваше во претставите „Хеда Габлер“, „Цена“ и „Дневникот на Ана Франк“, а се обиде и како режисер. Ја доби престижната награда „Лусил Лортел“ за режирање на претставата „Патување до Бонтифул“.

- Advertisement -
Ad image

Јулин остави силен впечаток и на малите екрани. Тој глумеше во сериите „Кегни и Лејси“, „Мала куќа на преријата“, „Ентураж“, „Бафи, убиецот на вампири“, „Ѕвездени патеки: Длабок простор девет“, „Досиеја Икс“, „Милијарди“, „И токму така“ и во дури 12 епизоди од популарната серија „Озарк“. Неговата улога во серијата „Фрејзер“ му донесе номинација за наградата Еми.

Пред својата смрт, Јулин се подготвуваше за нова улога во серијата „Американски класик“, во која требаше да глумат и Кевин Клајн и Лора Лини. Серијата го следи познатиот бродвејски актер кој доживува нервен слом. Режисерот на таа серија, Мајкл Хофман, кој претходно соработуваше со Јулин на филмот „Игра 6“ со Мајкл Китон, рекол:

„Харис Јулин беше, едноставно речено, еден од најголемите уметници што некогаш сум ги сретнал. Неговата комбинација од техничка совршеност и постојано свежо чувство за откривање ѝ даде на неговата работа непосредност, виталност и чистота што никогаш не сум ја доживеал никаде на друго место. И каков беше како актер, таков беше и како човек – полн со грациозност, понизност и великодушност. Сите ние во серијата „Американски класик“ се чувствуваме благословени што имавме можност да работиме со него. Тој засекогаш ќе остане срцето на нашата серија.“

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation