Background

По веста за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга која ги потресе Холивуд, но и светската јавност, излегуваат сè повеќе за настаните што ѝ претходеле на трагедијата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

По веста за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга која ги потресе Холивуд, но и светската јавност, излегуваат сè повеќе за настаните што ѝ претходеле на трагедијата.

- Advertisement -
Ad image

Па така, според „ТМЗ“, само една ноќ пред убиствата, семејството Рајнер присуствувало на забава кај водителот Конан О’Брајан. Според извори блиски до семејството, Роб и Ник се впуштиле во многу гласна расправија која ја слушнале бројни гости.

Набргу по инцидентот, Роб и неговата сопруга Мишел ја напуштиле забавата, но не е познато дали во исто време си заминал и Ник.

Според извори блиски до семејството, Роб и Мишел со месеци се бореле со проблемите на Ник, поради неговата ментална болест и злоупотребата на супстанци, и дека не знаеле што повеќе да направат.

Роб Рајнер и неговиот син Ник не биле особено блиски, иако по заедничката работа на филмот „Being Charlie“, кој делумно бил инспириран од животните проблеми на Ник, се зблиужиле. Роб како сценарист признал дека за време на процесот на пишување дошло до судири меѓу нив, но дека токму тие конфликти му помогнале подобро да го разбере својот син. Рекол и дека тоа дури го направило подобар татко.

Ник подоцна признал дека заедничката работа на филмот станала пресвртница што го променила нивниот однос.

Според „Њујорк Тајмс“, Ник Рајнер бил уапсен во понеделникот наутро и обвинет за убиство на своите родители и дека му е одредена кауција во износ од четири милиони американски долари.

На денот кога Роб и неговата сопруга биле убиени, режисерот имал закажано масажа.

Извор изјавил за Дејли Меил дека масерката дошла во домот на Рајнер вреден 13,5 милиони долари во недела во 14 часот за да им помогне нему и на неговата сопруга да се ослободат од стресот. Таа заѕвонила, тропала неколку пати и си заминала кога никој не ѝ одговорил.

Ова ја натерало 28-годишната ќерка на парот, Роми, која живее преку улица, да оди во домот на своите родители, каде што дошла до ужасното откритие дека биле убиени.

Се верува дека токму Роми, која е најмладото дете на Рајнерови, ѝ кажала на полицијата дека член на семејството „треба да биде осомничен“ затоа што е „опасен“.

Ник претходно јавно зборувал за своите проблеми со зависност од дрога, поради кои првпат заминал на рехабилитација околу својот 15-ти роденден, како и за периодите кога бил бездомник.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation