Background

По Шпанија, Италија и Полска, и Франција ги одби Американците, претседателот на САД со остра реакција

Европа по неколку недели двоумење и дипломатски пораки, почна конкретно да се спротивставува на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп во војната против Иран. Најновите потези на клучните земји покажуваат јасна промена: Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони вклучени во операциите, Италија одби да дозволи слетување на стратешките бомбардери, Полска го отфрли барањето на САД за испраќање системи „Патриот“ на Блискиот Исток, а Франција одби да дозволи американските и сојузничките авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над нејзината територија.

Овие потези доаѓаат во време кога војната во Иран влегува во вториот месец, со растечки број на жртви и сè поагресивна реторика од Вашингтон. Трамп истовремено зборува за можни преговори, но, и се заканува со нови напади и со преземање на иранските нафтени ресурси.

За разлика од претходните кризи, европските земји за прв пат сега отворено блокираат конкретни воени потези на САД, повикувајќи се на меѓународното право и стравувањата од поширока дестабилизација. Ова е сè појасен доказ за длабок јаз меѓу Вашингтон и делови од Европа и порака дека Европа овој пат нема само да ја следи линијата на САД.

Трамп се закани дека „нема да ѝ заборави“ на Франција

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Франција на социјалната мрежа Трут соушл и ја нарече бескорисна.

Фото: Принтскрин

 

„Франција не дозволи авиони натоварени со воена опрема наменета за Израел да летаат над француска територија. Франција беше многу бескориста , а и со почит кон „иранскиот џелат“, кој е успешно елиминиран! Соединетите Американски Држави ќе го запаметат ова“, се закани Трамп.

Сами отворете си го Ормуз, САД веќе нема да ви помагаат

Трамп, исто така, во друга објава на социјалната мрежа Трут соушл, испрати остра порака до европските сојузници, особено до Велика Британија.

„Сите оние земји кои не можат да добијат гориво за авионите поради Ормускиот Теснец, како Обединетото Кралство, кое одби да учествува во соборувањето на иранскиот режим, имам предлог за вас: прво, купете од Соединетите Американски Држави, имаме доволно, и второ, соберете дополнителна храброст, одете во Ормускиот Теснец и едноставно преземете го. Ќе мора да почнете да учите како да се борите сами, Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат таму да ви помогнат, исто како што вие не бевте таму за нас. Иран е, во суштина, опустошен. Најтешкиот дел е завршен. Одете земете си ја нафтата“, објави шретседателот на САД.

Фото: Принтскрин

 

И претходно Трамп неколку пати рече дека сојузниците на НАТО повеќе не можат да сметаат на автоматска американска поддршка во кризи.

Шпанија им го забрани воздушниот простор на САД

Шпанската влада вчера потврди дека одбила да им даде дозвола на Соединетите Американски Држави да го користат нејзиниот воздушен простор за летови поврзани со војната во Иран.

– Ставот на Шпанија е познат на сите. Употребата на бази не е овластена и секако користењето на шпанскиот воздушен простор не е овластено за дејствија поврзани со војната во Иран – изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја критикуваше Шпанија, сугерирајќи дека Вашингтон би можел повторно да размисли за НАТО алијансата по конфликтот.

– Ако НАТО е загрижен само за одбрана на Европа доколку биде нападната, а потоа ни го негира правото да се стационираме кога ни е потребно, тоа не е многу добар аранжман. Тешко е да се остане ангажиран и да се каже дека ова е добро за Соединетите Американски Држави. Значи, сето ова ќе мора да се преиспита – додаде Рубио, нагласувајќи дека НАТО „не може да биде еднонасочна улица“.

Полска не ги дава „Патриотите“

Денес беше објавено дека САД побарале од Полска да префрли една од своите батерии за воздушна одбрана „Патриот“ на Блискиот Исток, но полската влада го отфрли предлогот, велејќи дека оружјето е клучно за одбраната на полското небо. Вашингтон предложи испраќање на една полска батерија „Патриот“, заедно со придружните ракети PAC-3 MSE кои веќе се испорачани и се во сопственост на полската војска.

Министерот за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш кажа јасно „не“.

– Нашите батерии „Патриот“ и нивното оружје служат за заштита на полското небо и на источното крило на НАТО. Ништо не се менува во овој поглед и не планираме да ги преместуваме никаде. Нашите сојузници знаат и разбираат многу добро колку се важни задачите што ги имаме тука. Безбедноста на Полска е апсолутен приоритет – објави тој на социјалната мрежа Икс.

Заменик-министерот Цезари Томчик, исто така, даде слична изјава.

– Полските „Патриот“ остануваат во Полска. Тие имаат своја задача во земјата, а тоа е да ја бранат Полска и источното крило на НАТО – рече тој.

Италија забрани слетување на бомбардери

Италија одби да им дозволи на американските воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија на пат кон Блискиот Исток.

Дневниот весник „Кориере дела Сера“ објави дека американските бомбардери требало да слетаат во база во источна Сицилија пред да го продолжат летот кон Блискиот Исток. Според весникот, дозволата била одбиена, бидејќи САД не побарале официјално одобрение, ниту се консултирале со италијанската војска, што е потребно според договорите што го регулираат користењето на американските воени објекти во Италија.

Хрватска го прими американскиот носач

Во исто време, во саботата, најголемиот носач на авиони во светот, „УСС Џералд Форд“, влезе во пристаништето Сплит откако учествуваше во воени операции во Иран и го зафати голем пожар што оштети значителен дел од бродот.

„УСС Џералд Форд“ исплови од грчкиот остров Крит, каде што помина кратко време пред да се упати кон Сплит за поправки, како што беше планирано.

Пред неговото пристигнување на Крит, грчките медиуми објавија дека на островот се најавени два митинзи и протест.

Во пожарот беа повредени двајца морнари, додека околу 600 членови на екипажот, од вкупно 4.500, останаа без кревети, па морнарите мораа да спијат на подови и маси. Покрај тоа, на бродот беа пријавени и проблеми со одводите во тоалетите.

Војната трае повеќе од еден месец

Војната на САД и Израел против Иран почна на 28 февруари, кога американските и израелските сили почнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран. Нападите, исто така, погодија цивилни цели. Првиот ден беше убен ајатолахот Али Хамнеи во ракетирање на неговата резиденција.

Иран возврати со ракетни напади и  со беспилотни летала врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, а конфликтите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормускиот Теснец, низ кој минува голем дел од светската нафта, кој оттогаш е затворен.

Тензиите продолжуваат да растат. И покрај повремените сигнали за можни преговори, ниту една страна досега не покажа подготвеност брзо да го заврши конфликтот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation