По кратко и тешко боледување, попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз (63).
Тој беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на македонските телевизии.
Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.
Погребот на Агим Јонуз ќе биде извршен утре на гробиштата во Бутел.



























