Платниот промет во евра во ЕУ во моментов e оневозможени поради технички проблеми во системот, кој обработува трансакции во вредност од 1,9 трилион евра дневно.
Европската централна банка објави дека прекинот влијаел на каналите за комуникација на нејзината паневропска платформа „ТАРГЕТ 2 Секјурит“.
ЕЦБ наведува дека услугата Т2, која е клучен дел од платниот систем ТАРГЕТ во ЕУ, има проблеми кои влијаат на обработката на трансакциите помеѓу апликациите и на пристапот на корисниците до апликацијата. Услугата „ЕКОНС 2“ останува отворена за обработка на многу критични плаќања, за што е потребна координација со релевантната централна банка. За да продолжи работата на системот Т2 ќе биде неопходно да се пренесе на секундарна локација.
Според ЕЦБ, проблемот се очекува да биде надминат за еден час, по што ќе продолжи нормалното работење.
Платформата Т2С се користи за координирање и намирување на тргувањето со готовина и хартии од вредност во евросистемот, кој ги вклучува ЕЦБ и централните банки на земјите што го користат еврото.
Грешката влијаеше на клучните комуникации помеѓу централните депозитари на хартии од вредност, основните системи на финансиските пазари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
