Северна Кореја денеска истрела повеќе неидентификувани крстосувачки ракети во море, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите биле регистрирани во близина на севернокорејската источна провинција Јужен Хамгјонг и биле „истрелани кон Јапонско Море“, се вели во соопштението.
Северна Кореја и на 8 мај истрела балистички проектили со краток дострел кон Јапонско Море.
Според некои експерти, можно е да станува збор за тест на оружје наменето за Русија.