Пејачката Василија Петрова која е Македонка од Ќустендил им одговори на сите Бугари што шират омраза за неа на социјалните мрежи.
Василија деновите е актуелна откако бугарски медиуми ја обвинија затоа што јавно се декларира како Македонка.
На сите нив Василија им врати достоинствено, со песна и со пораката дека музиката не е политика.
Песната што ја пее Василија во видеото се вика „Со Господ напред ќе победиме” која ја напиша и ја пееше Војо Стојановски.
Со Господ напред ќе победиме
Започна векот и дваест првиот
можеби земјо и најтешкиот.
Секое време – своја тежина
нашето мина во премрежија.
Тргнале денес туѓи попови
копаат за нас, живи, гробови.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
Некому била лажна сказната,
но да го стигне, Боже, казната.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
И знае светот колку вредиме,
со Господ напред ќе победиме.
Слушајте ваму туѓи мантии,
верата нигде нема прангии.
Ај да ве нема, џенем фатете
и ваши слуги да си земете.
До кога со вас ќе се плаќаме,
ни зрно веќе не ви сакаме.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
Некому била лажна сказната,
но да го стигне, Боже, казната.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
И знае светот колку вредиме,
со Господ напред ќе победиме.
Со Господ напред ќе победиме!
Јавната декларација како Македонка на Василија која е родена во Ќустендил од темел ги урива тезите на бугарските националисти кои не сакаат да веруваат дека во Бугарија има огромен број Македонци.