Во Пакистан се запали и експлодира камион-цистерна што превезуваше гас, при што загинаа пет лица.
Повеќе од 20 лица се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Експлозија во индустриска област во Мултан, град во источната провинција Пенџаб, предизвика значителна штета на околните продавници и куќи, а луѓе загинаа во пожарот или кога се урнаа покриви од експлозијата.
Пожарникарите го изгаснале пожарот, а се утврдува причината за истекувањето на гасот.