Background

Петмина обвинети за злоупотреба, штета од милиони денари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против едно лице и обвинителен предлог против уште четири лица за злоупотреби поврзани со реконструкцијата на фасадата и илуминацијата на зградата на Владата. Според Обвинителството, со нивните постапки била нанесена значителна штета на државниот буџет, во вредност од над 184 милиони денари.

Обвинетиот, управител на градежна компанија, во периодот од февруари до април 2013 година свесно ги прекршил прописите за јавни набавки, со што се товари за кривично дело „Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

„Обвинетиот склучил договори за заеднички настап со три правни лица, со цел нивните ресурси да бидат земени предвид при евалуацијата на неговата понуда, но без намера тие навистина да бидат ангажирани во изведбата на работите. Истовремено, спротивно на Законот за јавни набавки, не пријавил други подизведувачи на кои планирал да им отстапи дел од работите“, наведуваат од Обвинителството.

- Advertisement -
Ad image

Откако го добил договорот за јавна набавка, управителот не ги почитувал обврските од склучените договори, со што неговата компанија остварила финансиска корист од 470 милиони денари.

Дополнително, според обвинението, подизведувачот кој бил ангажиран за изработка на декоративни фасадни елементи не поседувал соодветна лиценца, а во изведбата користел материјал што не одговарал на проектните спецификации.

Заедно со управителот, обвинети се и тројца поранешни функционери и надзорници, кои, како што тврди Обвинителството, свесно дозволиле штетни и незаконски активности.

„Второобвинетиот, директор на владина служба, не ја исполнил својата службена должност и не реагирал на очигледните неправилности во начинот на изведба и употребените материјали. Иако добивал документација за материјалите, тој не поставил никакви забелешки“, стои во обвинението.

Трето и четвртообвинетите, како одговорни лица во процесот на надзор, не ги исполниле своите обврски и не проверувале дали вградените материјали се соодветни на проектните барања.

„Ова резултирало со значителна штета за државата, бидејќи елементи од несоодветен материјал биле вградени во објектот на Владата“, додава Обвинителството.

Обвинетите ќе одговараат пред Основниот кривичен суд во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation