Кај 5 земјоделци и пчелари во селата опфатени во Националниот парк Шар Планина кои се соочуваат со штети предизвикани од диви животни како мечките и волците поставени се соларни електрични огради за заштита на добитокот, земјоделските култури и на пчелните семејства.
Според Министерството за животна средина и просторно планирање, ова е првиот практичен чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка.
Целта е да се заштитат добитокот, пчеларството и земјоделските култури, со намалување на конфликтите помеѓу луѓето и дивите животни.
Оваа превентивна технологија со години успешно се користи во земјите на Европската Унија и претставува одржливо решение кое ги почитува потребите на заедницата и природата. Овие модерни огради се финансирани од WWF Хрватска (Светски фонд за природата).
Спроведувањето на овој план е дел од ИПА проектот на Европската Унија и претставува значаен чекор кон зачувување на биодиверзитетот; заштита на загрозените видови; и подобрување на условите за живот на локалните заедници кои живеат во близина на живеалиштата на мечките.
Преку оваа акција, Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да обезбеди директна поддршка за жителите кои се соочуваат со конкретни предизвици на терен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
