Background

Пет пожари беснеат, пламените се доближуваат до селата

Состојбата со пожарите во Македонија денеска до 12:15 часот е алармантна, во тек се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште активно беснеат, два се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати. Огнот зафаќа шуми, ниска вегетација, но и се приближува до населени места, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Најкритична е состојбата на истокот и југозападот на земјата. Во реонот меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, на планинските предели Голем Готен и Малешевските Планини, пожарот уништува нискостеблеста шума, смрека и густа ниска вегетација. Се работи за труднопристапен терен, што го отежнува гаснењето и го зголемува ризикот за негово проширување.

Во Македонски Брод, ситуацијата е драматична на две локации: во село Грешница, каде што гори мешана шума и трева, како и во подрачјето меѓу селата Локвица и Крапа, каде се шири низ деградирана дабова шума и густи грмушки.

- Advertisement -
Ad image

Во Прилеп, огнот ги зафаќа шумските масиви кај селото Бешиште, на локалитетот Бешишки Рид, додека во Желино, огнен фронт беснее меѓу селата Церово и Групчин, уништувајќи деградирана шума и нискостеблеста вегетација. Во сите овие случаи, пожарникарите се соочуваат со променлив ветар, високи температури и тежок пристап, што ја прави интервенцијата ризична и непредвидлива.

Сепак, има и позитивни вести. Два пожара се ставени под контрола. Едниот е кај Прилеп, меѓу селата Царевиќ и Смолани, во пределот познат како Радобилски Рид, каде што гореше мешана шума. Вториот контролираниот пожар е во Македонски Брод, кај селото Латово, на локалитетот Маркова Стапалка, каде гореше грмушкаста вегетација и сува трева.

Во меѓувреме, четири пожари се изгаснати, меѓу нив и оној во Битола, кај селото Ново Лагово, каде се гореше сува вегетација. Пожар избувна и кај тунелите на автопатот Е-75 во Демир Капија, но беше брзо ставен под контрола. Во Куманово, во населбата Средорек, запален отпад создаде локализиран проблем, кој заврши без поголеми последици. Пожар имаше и во Дебар, кај селото Рајчица, каде што изгоре дел од нискостеблестата шума.

Надлежните апелираат на внимателност, особено во шумските и руралните предели. Пожарите можат лесно да излезат од контрола, а според синоптичките најави, временските услови во наредните денови нема да помогнат: остануваат суво време и високи температури.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation