Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. информира Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата учествуваа четири мотоцикли и четири патнички возила.
„Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток)“, соопшти Министерството за внатрешни работи.