Топ Вести - Слушај сега
Кривична пријава е поднесена против пет лица од тетовското село Желино, кои се осомничени дека физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Како што информираат од СВР Тетово, станува збор за П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19), против кои е поведена постапка за кривичното дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 26 септември 2025 година, по претходна расправија меѓу инволвираните. Според полициските информации, расправијата ескалирала во физички напад, при што петте ја нападнале младата девојка.
– По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ – соопштија од полицијата.
Нема официјални информации за тежината на повредите, но случајот е пријавен и се води постапка пред надлежните органи.
Надлежното обвинителство ќе одлучува за понатамошните чекори и евентуалните мерки против осомничените.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
