Background

Пет лица преку Скајп се осомничени дека организирале шверц на кокаин од Холандија во Македонија

Пет лица преку Скајп се осомничени дека организирале шверц на кокаин од Холандија во Македонија, откри Основното јавно обвинителство во соопштение. Едно лице е приведено утринава по извршен претрес на 3 локации, се додава во текстот.

Обвинителството нареди истрага за петмината кои заедно со други, сега починати лица, во два наврати договориле криминал преку познатата апликација.

Наркотичната дрога била наменета за понатамошна неовластена продажба во државава, се вели во написот.

- Advertisement -
Ad image

„Осомничените и сега починатите заеднички преземале инкриминирачки активности дејствувајќи секој во својата улога во делот на неовластена набавка на наркотичната дрога, организирање на нејзино пренесување и складирање на соодветна скриена локација, како и нејзина распределба заради понатамошна неовластена продажба“, соопшти ОЈО.

Во текот на денешниот ден петтоосомничениот кој е лишен од слобода ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка и за него обвинителството ќе побара да му биде определена мерка притвор.

Обвинителството информира дека истата мерка ќе биде предложена за уште двајца осомничени, недостапни на органите на прогонот.

За останатите двајца исто така недостапни на органите на прогонот, а кои претходно се опфатени со наредбата за истрага во предметот „Грчец“, мерката притвор е веќе определена и ќе се применува по нивно пронаоѓање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation