Малку е веројатно дека преговорите меѓу Русија и САД за Украина ќе започнат додека дипломатските претставништва на двете земји не почнат да работат со полн капацитет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето кога се очекува да започнат овие преговори, Песков рече дека тоа е малку веројатно додека амбасадите не бидат целосно оперативни.
На 27 февруари, во Истанбул, се одржа руско-американски состанок, посветен на проблемите во работата на амбасадите во Москва и во Вашингтон.
Руското Министерство за надворешни работи објави дека страните покренале прашања во врска со рускиот дипломатски имот во САД, во контекст на враќање 6 имоти кои се „незаконски запленети во периодот од 2016 до 2018 година“.
Tagged as:
Песков потенцира дека првин амбасадите треба да бидат оперативни
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
