Москва и Вашингтон вложуваат значителни напори за нормализирање на односите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој оцени дека во овој момент е тешко да се замисли почеток на преговорите за новиот Договор за стратешко офанзивно вооружување (СТАРТ), но, како што наведе, Москва и Вашингтон работат на можноста за таков дијалог во иднина.
– Во овој момент е многу тешко да се замисли почетокот на таквите преговори бидејќи самиот факт на преговарање за прашања од стратешка безбедност и за контрола на вооружувањето, подразбира одредено ниво на билатерални односи, одредено ниво на меѓусебна доверба. Тоа е нешто што треба да се врати со присуство на соодветна политичка волја на двајцата претседатели – додаде Песков.