Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон содржат нуклеарна реторика и тврдења за нуклеарно лидерство.
– Ова е веќе таква нуклеарна реторика, такво тврдење за нуклеарно лидерство во Европа, што е многу, многу конфронтирачко – рече Песков за новинарите, коментирајќи го повикот на Макрон за дискусија за употребата на француското нуклеарно оружје за одбрана на целата ЕУ.
Песков рече дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија стана непријател на Франција содржи многу неточности.
Макрон во својот говор во средата рече дека Франција е подготвена да разговара за проширување на нејзиниот нуклеарен чадор во другите европски земји.