За време на неговиот редовен брифинг за медиумите утринава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оспори тврдењето на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека Русија ќе прифати европски мировни трупи во Украина, објави британски Гардијан.
Обраќајќи им се на новинарите, Песков рече дека Кремљ нема што да додаде на ставот на Министерството за надворешни работи за неприфатливоста на мировниците на НАТО во Украина.
Во понеделникот, во заеднички настап со претседателот на Франција, Емануел Макрон, Трамп тврдеше дека разговарал со Владимир Путин за потенцијалното распоредување на мировните сили на НАТО во Украина, а претседателот на Русија, Владимир Путин, наводно рекол дека нема проблем со тоа.
Минатата недела министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека распоредувањето на трупи на НАТО под друго знаме, под знамето на Европската Унија или под националните знамиња, ќе биде неприфатливо за Русија.
Коментарите на Песков утринава се чини дека сугерираат дека, спротивно на тврдењето на Трамп, останува така.