Background

Пензиските фондови на двете земји електронски ќе ги разменуваат податоците

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување потпиша договор за електронска размена на податоци со Пензискиот фонд на Република Српска.

Со ова Пензискиот фонд го заокружи процесот на размена на податоците со државите од поранешна Југославија  и го олеснува процесот на одобрување и исплата на пензиите на граѓаните кои работеле во земјите од поранешната федерација или сега живеат во тие земји.

Договорот предвидува размена на податоци потребни за редовна исплата на пензија и спречување на неосновани исплати поради смрт на корисникот на пензија меѓу двата фонда. Со него се регулира и целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната заштита.

- Advertisement -
Ad image

Соработката на двата фонда во наредниот период треба да се прошири со размена на други податоци со што ќе се олесни и забрза процесот на остварувањето на правата од оваа област.

Директорот на Фондот на ПИОСМ Никола Мемов рече дека со потпишувањето на овој Договор се заокружува регулирањето на размената на податоците  од оваа област со државите од поранешна Југославија и претставува чекор напред во соработката што е секако во интерес и на корисниците на услугите на Фондот.

Директорот на Фондот на ПИО на Република Српска Младен Милиќ, рече дека размената на податоците треба да придонесе во точноста на податоците кои се користат и разменуваат. Тоа ќе овозможи да се исклучат можните грешки и да се подигне квалитетот на услугите за осигурениците од двете земји.

На средбата беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation