Пензионерите ќе го добијат и второто ветено линеарно зголемување на пензијата од 2.500 денари со мартовската пензија која ќе се исплати во април

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пензионерите ќе го добијат и второто ветено линеарно зголемување на пензијата од 2.500 денари со мартовската пензија која ќе се исплати во април, по што зголемувањето на пензиите се враќа на старата методологија за пресметка на растот на пензиите. Притоа зголемувањето на пензиите од 5.000 денари направено лани и годинава ќе влезе во месечниот износ на пензијата за која ќе се пресметува наредното усогласување на пензијата – септемвриското.

Министерството за социјална политика, демографија и млади предложи измени на вонредните измени на законот направени лани, а кои важат за периодот 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Измените кои се веќе во Собрание ќе се носат во скратена постапка, а ќе важат по објавувањето во службениот весник.

Според новите измени, усогласувањето на старосната пензија која се исплаќа во земјава ќе се врши по старата методологија, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%.

Пензиите ќе се усогласуваат како и досега на 1 март и на 1 септември секоја година и тоа според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во државата во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи, објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се намалени, односно се со негативен предзнак, нема да се врши усогласување на пензиите.

За усогласувањето на пензијата остварена во тековната година претходно се сведува во месечен износ според порастот на нето платите од декември претходната година во однос на просечната нето-плата истата година.

Доколку брутодомашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%, покрај редовното усогласување, пензиите се усогласуваат од 1 април тековната година во процент кој претставува разлика помеѓу реалната стапка на пораст на бруто домашниот пораст во претходната година и стапката од 4%.

Министерството за социјална политика, демографија и млади предлага и измени во однос на изборот на директор и заменик на директор во Пензискиот фонд. Со нив се предвидува директорот и неговиот заменик да поседуваат уверение или потврда со кои се докажува активно познавање на англискиот јазик не постари од 5 години.

Не се знае кога овој предлог-закон ќе биде ставен на дневен ред во собраниските комисии и на пленарна седница.

Share This Article