Пекинг ги демантира претпоставките на ЦИА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кина денеска соопшти дека е „крајно неверојатна“ хипотезата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека вирус протекол од кинеска лабораторија и ја предизвикал пандемијата „Ковид-19“.

„Меродавниот научен заклучок до кој дојде заедничката експертска група на Кина и на Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на теренските посети на релевантните лаборатории во Вухан, гласи дека е исклучително малку веројатно дека дошло до протекување од лабораторија“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

ЦИА објави проценка дека е поверојатно дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија одошто дека потекнува од животни.

Портпаролот на ЦИА рече дека „врз основа на достапните податоци, потеклото на пандемијата е поверојатно поврзано со истражување одошто со природното потекло “.

Одлуката за објавување на проценката е една од првите донесени од новиот директор на ЦИА, Џон Ретклиф, кој беше назначен од новиот американски претседател, Доналд Трамп.

Share This Article