Синот на хрватската пејачка Северина, Александар, денеска го слави својот 13-ти роденден, а гордата мајка му посвети емотивна објава по повод неговиот посебен ден.
– 13 години имам многу среќа да живеам со прекрасно, сега веќе – момче. Паметно, мудро, можеби и премногу за своите години… И искрено момче. Сè му е за гордост. А јас гордо чекорам покрај него. Понекогаш загледани во ѕвездите, а понекогаш читајќи лектира. Тие растат брзо, толку брзо што немате време да кажете: „Ехеј, каде и да одиш, само биди добар човек и биде среќен, само биди ми среќен. Па среќен ти роденден, мој прекрасен сине – напишала Северина во описот на заедничките фотографии од Малдиви.
За потсетување, Северина го доби Александар со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кој водеше правна битка околу старателството. Во 2021 година, окружниот суд во Сплит донесе одлука за заеднички старателство.
Но, на крајот на 2019 година, судијката Теа Голуб донесе привремена мерка и одлучи Александар да продолжи да живее со својот татко, кој „самостојно се грижеше за здравјето и образованието на детето“. На денот на пресудата во ноември 2019 година, Северина морала веднаш да му го предаде синот на неговиот татко. По мачна и долга борба и судење, Александар серпак е вратен во старателство на Северина.
Својата љубов кон синот Александар пејачката ја отспеа во песната „Rođeno moje“, во која се препознаа илјадници мајки и татковци од целиот регион. Северина ја објави во 2019 година, а до денес песната собра повеќе од 41 милион прегледи на Јутјуб.