Background

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижностите.

- Advertisement -
Ad image

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот, со учество од 33% во вкупниот број купопродажби и дури 48% од вкупната вредност. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вредност пораснала за 10,8%.

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, каде се забележани и највисоки просечни цени на становите – 1.692 евра/м², 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, додека најскапата куќа е продадена во Центар за 1.500.000 евра. Највредниот деловен простор, пак, достигнал цена од 6.800.000 евра, исто така во Центар.

Во текот на 2025 година се реализирани вкупно 33.381 трансакција, што претставува раст од 7,6% во однос на 2024 година. Од нив, 23.470 се купопродажби (раст од 4%), а 9.911 се договори за закуп (раст од 17%).

Вкупната вредност на пазарот достигнала 1,14 милијарда евра, што е зголемување од 12,9% споредено со претходната година. Најголем дел од оваа вредност е реализиран во четвртиот квартал – 314 милиони евра.

Земјоделското земјиште и шумите учествуваат со 31% во вкупниот број купопродажби, додека градежното земјиште, со учество од 14%, бележи раст на вредноста од 36%.

Куќите учествуваат со 13% во вкупниот број купопродажби, со раст на вредноста од 37% во однос на претходната година.

Анализата покажува дека пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри, при што најмногу трансакции се реализирани во Центар (2.414), Аеродром (1.963) и Карпош (1.791).

Највисоката цена по квадратен метар за стан е постигната во Аеродром – 3.784 евра/м².

Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, при што најголем раст на цените на станови од инвеститор е забележан во Центар – 31%, додека во Охрид е регистриран пад од 4%.

Пазарот на закупи бележи вкупна месечна вредност од околу 4 милиони евра. Во структурата на закупите доминираат становите со 35% учество и раст од 15%, додека деловните простори учествуваат со 34% и бележат раст од 24%.

Извештајот укажува на зголемена побарувачка за изнајмување и континуиран развој на пазарот на недвижности.

За 2026 година се прогнозира умерен раст, со зголемен интерес за инвестиции и дополнително зголемување на закупите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation